Свет Балкан Тешко ранет познат бизнисмен во Белград

Тешко ранет познат бизнисмен во Белград

Милан Беко

Милан Беко, познат бизнисмен од Белград, денеска, пред својата куќа, бил ранет со два куршума.

Беко веднаш бил префрлен во ургентен центар, во исклучително тешка состојба.

Во него било стрелано од непознато лице, кое го сочекало пред неговиот дом. Бизнисменот Милан Беко не е член на ниту една политичка партија, иако бил министер во владите на СПС, НД и на ЈУЛ.