Дописници Тешко повреден 60-годишен битолчанец во сообраќајката крај Битола

Тешко повреден 60-годишен битолчанец во сообраќајката крај Битола

Тешко е повреден шеесетгодишен битолчанец во синоќешната сообраќајка на патот Битола – Прилеп.

Сообраќајката се случила во саботата, околу 19.45 часот, на раскрсницита кај селото Кукуречани, кога се судриле „бе-ем-ве“ во тетовски регистраски таблички, управувано од жител на Демир Хисар, и „опел корса“ со битолски таблички.

Повредениот Т.Б. го управувал „опелот“ и при судирот добил фрактура на ногата и набиеници по телото, а повредена е и неговата сопруга М.Б. (55), информираат од СВР Битола.

А.Б.