Македонија Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во населбата Кисела Вода, при што дошло до директен судир меѓу возило „лада“ и патничко комби.

Неофицијално, едно лице е починато, а други четворица се повредени.

Според изјавите на очевидци, на местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, а едно од возилата било сечено од противпожарната служба за да бидат извлечени патниците.