Хроника Тешка кражба во куќа на прилепчанец, штета од 2.300 евра

Тешка кражба во куќа на прилепчанец, штета од 2.300 евра

Вчера во Полициската станица Прилеп, С.Т. (1959) од селото Врбјани, пријавил дека во неговата куќа засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување, одзел 1.020 американски долари, 340 евра, 31.000 денари, златен накит и пиштол „ЦЗ-99“ со калибар од девет милиметри, кој оштетениот го поседувал со дозвола, со рамка со 13 куршуми, а потоа го напуштил местото.

Со тешката кражба причинета е материјална штета од околу 145.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.