Свет Балкан Тепачка во турскиот парламент – се тепале со столици, чекан и со...

Тепачка во турскиот парламент – се тепале со столици, чекан и со ѕвоно

Пет пратеници се повредени во тепачката што изби во турскиот парламент, за време на која летаа столици, а пратениците едни со други се удирале со чекан и со ѕвоното, кое за време на заседанијата го користи претседателот на парламентот, јавуваат турските медиуми.

Тепачката избила рано наутро, откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да ја одложат дебатата за спорниот предлог-закон за безбедност, кој на полицијата ѝ дава поголеми овластувања при претреси и при апсења.

Пратениците се степале на затворена седници откако пратениците на опозицијата, обидувајќи се да го спречат усвојувањето на споменатиот закон, поднеле неколку барања кои немале врска со темата.

Пратеникот на прокурдската партија, Ертугрул Куркчу, изјави дека за време на физичката пресметка летале столици, а двајца пратеници се удрени со чекан и со ѕвоно.

Во болница се пренесени двајца пратеници, додека на Куркчу и на уште двајца им е пружена помош во амбулантата во зградата на парламентот.