Хроника Тепачка во средното училиште „Кочо Рацин“

Тепачка во средното училиште „Кочо Рацин“

Вчера, околу 10 часот, во полициската станица Ѓорче Петров, пријавено е дека во средното училиште „Кочо Рацин“ се стеапле две поголеми групи лица. Од едната страна учествувале М.Р. (48), Б.С. (17), М.А. (18), Р.А. (15) и М.А. (16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И. (18), Е.Н. (15), С.Ј. (17), С.Ј. (18) и А.Б., сите од Скопје. Кај 16-годишниот М.А. имало видлива повреда на задниот дел од главата во вид на расеченица, а кај 15-годишниот Р.А. расеченива на десната аркада.

Причина за тепачката била љубовна врска.