Економија Tендерот за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании, до крај на месецот

Tендерот за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании, до крај на месецот

Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании ќе биде распишан до крајот на месецот, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој додаде дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.

– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани, што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром – истакна Сугарески.

Во врска со критериумите во тендерот очекува да бидат направени подобрувања на моделот за субвенционирање.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Виз ер“.