Македонија Телото на Дениса сепак не стигна во Македонија

Телото на Дениса сепак не стигна во Македонија

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа

Иако се очекуваше да биде донесено во земјава, телото на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп, чиј живот трагично згасна кај островот Родос, сè уште е во Грција. Настанал уште еден процедурален проблем, поради што ќе задоцни транспортот на нејзиниот труп во Македонија. Од Министерството за надворешни работи, кое го координира транспортот преку Канцеларијата за врски на Македонија за Грција, велат дека постапката се одолжила поради тоа што се чека потврда од грчкиот суд, пишува „Утрински весник“.

Имено, според тамошните закони, тело кое не било погребано подолго од еден месец и е во поодмината фаза на распаѓање, не смее да биде транспортирано без дозвола која мора да ја издадат грчките судски органи, а постапката ја води погребално претпријатие. Сепак, се очекува телото на Дениса најдоцна утре да биде донесено во земјава.