Македонија Телеком го остави центарот на Скопје без интернет

Телеком го остави центарот на Скопје без интернет

Интернет корисниците на „Телеком“ од централното градско подрачје на Скопје од утринава се без интернет.

Од службата за корисници соопштуваат дека станува збор за поголем проблем и оти се работи на санирање на проблемот.

Поради проблемот со интернетот, амбулантите во Центарот на Скопје не се во можност да издадат упати и да закажуваат лекарски прегледи.