Македонија Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Се` уште трае потрагата по убиецот, а бројни екипи се во селото и се врши увид

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР.

Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид.

Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје.

Според првичните, неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на сопругата на убиецот.