Свет Свет Техеран: Ријад поддржува терористи

Техеран: Ријад поддржува терористи

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Џабер Ансари, ја обвини Саудиска Арабија дека поддржува тероризам и оти ги убива противниците на тероризмот.

„Саудиската влада поддржува терористи и радикални сунитски екстремисти, убивајќи и задушувајќи ги критичарите во земјата“, соопшти портпаролот.

Властите на Саудиска Арабија денеска погубија 47 лица поради тероризам, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи.

Меѓу погубените е и истакнат шиитски муслимански имам.