Македонија Таравари: Од утре ќе се разгледува проектот „Мој термин“

Таравари: Од утре ќе се разгледува проектот „Мој термин“

Промени во проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство, односно отфрлање на казните за докторите, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, на одбележувањето на 25-годишнината на Лекарската комора на Македонија.

– Јас сум за промени во „Мој термин“, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на овој проект. Учинокот ќе остане, но нема да има негативен учинок. Платата ќе си биде 100 проценти, а ќе има и наградени доктори, односно тие што ќе бидат најуспешни – најави Таравари.

Наградите за докторите, според него, треба да се обезбедат од средствата за платите за економските директори на здравствените установи, кои треба да се укинат.