Култура Танец в четврток со концерт во чест на Васка Илиева

Танец в четврток со концерт во чест на Васка Илиева

Концертот на Танец во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ Танец ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар

Фото: НУ Танец

Oдложениот концерт на Танец во чест на Васка Илиева, ќе се одржи в четврток, на 9 ноември, во 20 часот, во Домот на АРМ, известуваат од НУ Танец.

Концертот на Танец во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ Танец ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница.

Оние кое се заинтересирани за да го проследат настанот, можат да се јават се на телефоните +389 2 2461 021 и +389 2 2461 112, за да им бидат издвоени билети.

Во прилог е програмата на концертот:

Васка Илиева (1923 – 2001) е доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Музичката кариера ја започнува во 1950 година, во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја.