Економија Танасоски: Увозот и извозот на стоки се врши без никакви пречки

Танасоски: Увозот и извозот на стоки се врши без никакви пречки

Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви пречки, одговори на новинарско прашање директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција во Владата.

„Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија,“ рече Танасоски.

Царинската управа заедно со министерствата за економија и за финансии и Државниот пазарен инспекторат направиле анализа на увозот на сите неопходни продукти за кои за одреден дел има забрана за извоз, а на другиот дел е дозволен слободен извоз за да нема штета кај компаниите.