Македонија Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

Министерството за транспорт и врски информира дека утре истекува рокот во кој таксистите можат да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта, ispiti@mtc.gov.mk, или во архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата, која може да се најде на веб-страницата на Министерството, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Во согласност со Законот за патен сообраќај, сите автотакси-возачи мора да поседуваат сертификат за познавање основен степен на англиски јазик. Овој сертификат е еден од условите за да добијат лиценца за вршење на автотакси-превоз и кој ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.