Македонија Таксист нападнал патник и му одзел пари

Таксист нападнал патник и му одзел пари

Настанот се случил на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје

Photo by Waldemar on Unsplash

Возач на такси возило во раните утрински часови нападнал патник што го превезувал, по што му одзел пари.

Случајот бил пријавен околу 3 часот утрово од страна на 25-годишниот П.Ѓ. кој се превезувал со таксистот од кого бил нападнат.

Настанот се случил на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.