Технологија Гаџети Тајмс сквер доби билборд со 24 милиони пиксели

Тајмс сквер доби билборд со 24 милиони пиксели

Најголемиот и најскап билборд на Тајмс сквер во Њујорк

Рекламно пано, долго колку еден фудбалски терен, со своите 24 милиони пиксели ќе направи најпознатиот плоштад во Њујорк, Тајмс сквер да свети како никогаш досега!

Светлата на познатиот њујоршки Тајмс сквер наскоро ќе засветат уште посилно.

На познатиот плоштад е поставен огромен дигитален билборд, кој, според градските претставници, е најголемиот и најскапиот досега, а вечерва ќе биде активиран.

Рекламното пано, високо 2,8 метри, е поставено на аголот меѓу Седмата авенија и Бродвеј.

Весникот „Њујорк тајмс“ наведува дека билбордот ќе го анимира студиото „Универзал евритинг“, сè до 24 ноември, кога ќе го преземе „Гугл“.