Видео Тајфунот Суделор го погоди Тајван, четири лица настрадаа

Тајфунот Суделор го погоди Тајван, четири лица настрадаа

Тајфунот Суделор го погоди денеска Тајван, уривајќи дрвја, далекуводи и семафори. При неговиот налет, најмалку четири лица се починати, а десетина се повредени.

Тајфунот го погоди крајбрежјето на Тајван рано утринава, а се очекува дека до вечер ќе се приближи до Тајландското Море и до копнениот дел на Кина.

Силниот ветар, проследен со обилни врнежи, остави без струја два милиони домаќинства, пренесува АП.

Властите во провинцијата Фуџиан во југоисточниот дел на Кина наредија евакуација на 158.000 луѓе, јави агенцијата „Синхуа“.

Се очекува дека овој тајфун ќе ги наруши железничкиот и воздухопловниот сообраќај. Околу 120 возови, главно на линиите од Шангај кон поголемите градови, ќе бидат откажани за време на викендот.