Видео Тајфунот на Филипини однесе животи, милиони луѓе останаa без струја

Тајфунот на Филипини однесе животи, милиони луѓе останаa без струја

Едно лице починало од хипотермија, додека две се удавиле во поплавите што го зафатиле сиромашниот рибарски град Катарман во провинцијата Северен Самар, јужно од Манила, јавуваат локалните медиуми.

Како последица на невремето кое корнело дрвја, била прекината електричната енергија во најмалку седум провинции, соопшти Националниот совет за управување и намалување на ризици од природни катастрофи.

Граѓаните кои се евакуирани од своите домови на крајбрежјето на Филипини, ја поминале ноќта во центрите за евакуација.

Тајфунот Мелор кој го погоди островот Бикол, на кој живеат 5,4 милиони луѓе, утринава стигна до Ромблон.

Иако силината на ветерот ослабела, тој и понатаму дува од 170 до 185 километри на час.