Македонија Тачи по средбата со Хојт Ји: Треба да ги исполниме условите од...

Тачи по средбата со Хојт Ји: Треба да ги исполниме условите од Договорот од Пржино

„Од моја страна имаше скепса дека уште не е ништо направено за да се подобрат условите. Ние како ДПА ќе продолжиме да даваме конструктивен придонес во овој процес. Многу работи во овој процес не ми се допаѓаат, но мислам дека тоа не е толку важно бидејќи ние сме стриктно ориентирани дека Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ и друга алтернатива тука не може да функционира“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, во Амбасадата на САД во Скопје.

Тој рече дека конкретната порака од Ји е дека САД е најголемиот поддржувач и сојузник на Македонија, но треба да сфатиме оти ние треба ним да им дадеме силен аргумент за тие да се борат што побргу да станеме членка на НАТО.

– Нема посилен аргумент од нашиот придонес за изборите да бидат фер и демократски и да ги исполниме тие услови што се предвидени со договорите од 2 јуни и од 15 јули – изјави Тачи по средбата.

Во врска со поставувањето на крстот и на споменикот двоглав орел, одговарајќи на новинарско прашање, Тачи упати порака граѓаните да не паѓаат на провокации.

– Мислам дека тоа е веќе видена игра на двајцата партнери секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот и тука, на пример, да донесат одлука албанското знаме да се употреби во Собранието, а не на улица – рече Тачи.