Македонија Тачи од Куманово ги повика граѓаните да излезат да гласаат

Тачи од Куманово ги повика граѓаните да излезат да гласаат

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во Куманово. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица и носителот на изборната листа, Орхан Ибрахими.

Ибрахими во својот говор го презентираше дел од проектите со кои, како што рече, ќе се подобри животот на граѓаните.

Тачи на крајот од митингот ги повика граѓаните да излезат и да гласаат затоа што тие се оние кои можат да ја сменат ситуацијата во државата.