Македонија Тачи: ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори

Тачи: ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори

ДПА синоќа одржа митинг во Куманово, каде лидерот на партијата, Мендух Тачи, го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на народот му донел само насилство.

– Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме за да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори – рече Тачи.

Во политиката, како што рече, ќе се ангажираат да ја нема дискриминацијата на Албанците.

– ДПА ќе работи во две сфери, економски и политички проекти. Економски најважно е да нема дискриминаторски буџет, да има правична и пропорционална распределба на буџетот во државата, да има инвестиции во сите места еднакво. Имаме идеја да се амнестираат долговите на граѓаните кон државата настанати поради казни и други основи – истакна Тачи.