Свет Балкан Тачи до Столтенберг: Неопходна е трансформацијата на војската на Косово

Тачи до Столтенберг: Неопходна е трансформацијата на војската на Косово

Преседателот на Косово, Хашим Тачи, му испрати писмо на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објаснувајќи му ги причините за неговите напори за трансформација на војската во земјата.

Тој на Столтенберг му напиша дека чекорите што следуваат се промена на уставот и трансформирање на целите на мисијата на Безбедносните сили на Косово, што може законски да се спроведе со просто мнозинство.

Понатаму, Тачи објасни дека во однос на моменталната геополитичката ситуација, во која нови актери се обидуваат да го прошират своето влијание во регионот, Косово треба да ги обезбеди своите граници.

Тој додава дека Србија, која е силно поддржана од Русија, нема иста визија како Косово кога станува збор за потенцијално членство во НАТО и дека, всушност, „таа се вооружува од Русија, вклучувајќи воени авиони ’миг-29’“.

Тачи во писмото спомнува дека Косово, како суверена држава, многу сериозно ја сфаќа својата одговорност да им пружи безбедност на своите граѓани и на својата територија.