Свет Свет СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека можеби ќе мора да затвори дел од својата мрежа на 77 болници, во кои им се пружа помош на луѓето што бегаат од своите домови поради нападите на милитантната група Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми.

На почетокот на јуни, Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе бидат принудени да редуцираат половина од своите хуманитарни операции, за сметка на тие што се последница на конфликтот во Ирак.

Обединетите нации имаат потреба од речиси 500 милиони долари за да ги покријат потребите на околу 5,6 милиони Ирачани во наредните шест месеци.