Свет Свет СЗО: Од ебола починале повеќе од 9.000 луѓе

СЗО: Од ебола починале повеќе од 9.000 луѓе

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на жртви од ебола, во трите западноафрикански држави најпогодени од епидемијата, ја надмина цифрата од 9.000.

Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне од болеста починале 9.004 луѓе, а инфицирани се 22.525 луѓе.

Во Либерија починале 3.746, а заразени се 8.745. Во Сиера Леоне починале 3.301 и заразени се 10.792, додека во Гвинеја има 2.988 починати и 1.957 заразени од ебола.