Македонија СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

Фото: ФБ

Охридската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат од Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавата за Н.У.(45) и И.У.(48) е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените.

Прехтодно охриѓанецот Спире Топалоски пријавил во полиција дека браќата Усеини го нападнале во охридски хотел по вербална расправија.