Дописници СВР Охрид се вклучи во акцијата за помош на поплавените подрачја

СВР Охрид се вклучи во акцијата за помош на поплавените подрачја

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција – Регионален центар Запад, се вклучија во акцијата за собирање помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија.

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства, како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/077 143-400.

Собраната хуманитарна финансиска помош, СВР Охрид како општествено одговорна институција ќе ја достави до општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а потоа ќе се дистрибуира до граѓаните чии домови се поплавени и уништени.