Македонија Светскиот ден за превенција од насилство врз децата

Светскиот ден за превенција од насилство врз децата

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска се вклучува во глобалната кампања „19 дена за превенција против насилството врз децата“, со што ќе ги одбележи Светскиот ден за превенција од насилство врз децата и Светскиот ден на детето.

Светски ден за превенција од насилство врз децата, 19 ноември, се одбележува во 88 земји, а годинава „Меѓаши“ ќе алармира за влошување на состојбата со насилството врз децата во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на превенција од зависностите и од злоупотребата на наркотични супстанци.