Дописници Светскиот ден на шегата одбележан со проект за мултиетничка интеграција

Светскиот ден на шегата одбележан со проект за мултиетничка интеграција

Oколу 200 ученици од одделенска настава од училиштата ОУ„Дебарца“ од село Белчишта, кои учат на македонски јазик, и ОУ„Нури Мазари“ од струшкото село Корошишта, кои учат на албански јазик, заедно со нивните наставници, организираа заедничка програма и прослава на денот на шегата 1 Април.

Во село Корошишта, населено со етнички Албанци, учениците од двете училишта, со најразлични маски и со шаренило од бои, покажаа дека за децата не постојат никакви бариери, бидејќи секогаш зборуваат со јазикот на љубовта и со отворените детски души и насмевки.

Домаќините на сите присутни им приредија срдечен пречек и со дефиле на маскираните дечиња по улиците на селото ги израдуваа жителите на село Корошишта со ваквиот несекојдневен настан. Покрај богатата забавна програма и дружење, најдобрите и најкреативни маски беа почестени со признанија и со скромни награди.