Економија Светска банка ќе ги зајакнува капацитетите на локалната власт

Светска банка ќе ги зајакнува капацитетите на локалната власт

Втората фаза од Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство (ПУП) во Македонија, беше промовирана денеска, за време на работилницата организирана од Светска банка и од домашните партнерски институции, во просториите на Град Скопје.

Програмата има цел да ги зајакне капацитетите на локалната власт во Југоисточна Европа и да ги опреми локалните власти, градските администратори и техничкиот персонал со практични алатки за донесување одлуки за ефикасно да управуваат со урбаниот развој, за поинклузивен и одржлив пораст.

Програмата им помага на општините да ја подобрат својата ефикасност на сеопфатен начин: општинско финансирање, урбано планирање и програмирање на инвестициите, градење интегритет, социјална одржливост и граѓански ангажман.

Целта е да се зајакне транспаретноста, одговорноста и интегритетот на јавните услуги и да се зголеми довербата кај граѓаните.