Дописници Свечености по повод патрониот празник на Штип

Свечености по повод патрониот празник на Штип

Продолжува четиридневната празнична програма по повод Свети Никола, празникот на патронот на градот Штип. За денеска напладне е закажана промоцијата на книгата „Македонија – во светот, светот – во Македонија“ од професoрот во пензија, Блаже Китанов. Промотори на книгата се историчарот Тодор Чепреганов и Стефан М. Влахов. Вечерва, пак, ќе се одржи концерт на градскиот хор Штип: „Во сеќавање на Ангел Давчев“.

За утре и за задутре се предвидени уште неколку настани, а свечената академија, како централен настан, ќе се одржи в петок, на празникот Свети Никола.