Македонија Сугарески: Законски да се забранат сметки за граѓаните што не користат парно

Сугарески: Законски да се забранат сметки за граѓаните што не користат парно

Пратеничката група на СДСМ и на коалицијата денеска до Собранието на Македонија поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за енергетика со кој бараат решавање на проблемот што го имаат граѓаните.

– Граѓаните што се исклучени од системот за парно греење не треба да имаат обврска да плаќаат сметки за парно греење што не го користат, ниту казни за таквите неплатени сметки. Луѓето што не користат парно мораат да плаќаат сметки, па уште и тужби и извршители, поради неплатени сметки за парно кое воопшто не го користат. Овие проблеми на граѓаните се дело на актуелната власт – рече Горан Сугарески, пратеник и координатор на пратеничка група на СДСМ.

Со дополнувањето на законот што го предложуваат, од СДСМ бараат правото на граѓаните што не користат парно да не плаќаат сметки, да се гарантира во правилник за снабдување со топлинска енергија.