Главна секција Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд

Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Вангеловски има право на жалба за одлуката.

Судскиот совет разреши уште двајца други судии, а Цветанка Периќ беше избрана за нов судија во Врховниот суд.

На местото на Вангеловски, за в. д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.