Македонија Судскиот совет ги прифати оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

Судскиот совет ги прифати оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

Оставките завчера беа депонирани во архивата на Судскиот совет, а на денешната 444. седница, тие беа констатирани

Фото: Исечок од видеопренос на седницата - МИА

Судскиот совет на денешната итна седница го констатираше престанокот на мандатите на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски, по нивното давање оставки.

Оставките завчера беа депонирани во архивата на Судскиот совет, а на денешната 444. седница, тие беа констатирани.

Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на Советот имала определени моменти на разидување во однос на заземените ставови на оваа институција.

Апелацискиот судија Зоран Герасимовски исто така како причина истакна несогласувања и порача оти смета дека поголема полза од него ќе има во Апелацискиот суд.

Герасимовски и Радевска – Стефкова беа избрани за членови на Советот од редот на судиите, на непосредни избори.

За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика бран реакции од општата и стручната јавност, политичките актери и меѓународниот фактор.