Свет Европа Судир на полицијата со демонстрантите пред почетокот на конвенцијата на АФД во...

Судир на полицијата со демонстрантите пред почетокот на конвенцијата на АФД во Германија

Стотина левичарски демонстранти денеска се обидоа да ги спречат луѓето да влезат на конференцијата на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во Штутгард, а полицијата употреби спреј за да ги растера демонстрантите.

Полицијата уапси 400 демонстранти.

И покрај протестите, конференцијата на АФД почна навреме, а 1.000 полицајци ги опколиле демонстрантите пред изложбениот центар, каде партијата има партиска конвенција.

Се очекува АФД, која бара забрана за носење бурка и изградба на минариња во Германија, на денешната конвенција да се прогласи за отворено антиисламска партија.