Свет Свет Судот во Перу нареди апсење на поранешниот претседател Толедо

Судот во Перу нареди апсење на поранешниот претседател Толедо

Судот во Перу наредил да се уапси поранешниот претседател на земјата, Алехандро Толедо, поради сомневање дека земал мито од бразилска градежна компанија.

Судијата Ричард Консепсион го прифатил барањето на обвинителството да се уапси Толедо додека се истражува дека, наводно, примил 20 милиони долари за да издаде градежна дозвола на компанијата „Одебрехт“ за изградба на автопатот меѓу Бразил и брегот на Перу.

Толедо се наоѓа во Париз и во разговор со медиумите ја негирал одговорноста за корупцискиот скандал што го потресе регионот. Од „Одебрехт“, пак, признале дека платиле мито од речиси 800 милиони долари на влади во Латинска Америка, од кои 29 милиони за проекти во Перу.