Свет Судири на израелско-либанската граница

Судири на израелско-либанската граница

Израелската армија соопшти дека девет нејзини војници се повредени во нападот на границата со Либан, а Хезболах потврди дека стои зад нападот.

Хезболах, исламска воена група со седиште во Либан, соопшти дека нападот го спровела групата која се нарекува Херојски весници Кунајтре, а акцијата е одмазда за израелскиот воздушен напад врз Голанската Висорамнина, извршен на 18 јануари, при кој загинаа шест борци на Хезболах.

Израел не соопшти дали некој од војниците загинал за време на нападот, додека Хезболах потврди дека нивниот напад усмртил неколку лица.

Нападот се случил на тромеѓето меѓу Израел, Либан и Сирија.

Израелската војска брзо одговорила со артилериски напади врз Либан.

Не е јасно дали овој напад е ескалација на прекуграничните конфликти или, пак, е само изолиран инцидент.