#Одговорност е Судењето за Мухамед Зеќири одложено оти не се појави сведокот

Судењето за Мухамед Зеќири одложено оти не се појави сведокот

Минатиот месец, судењето против Зеќири почна од почеток. Овој процес подолг период беше во прекин, откако Основниот кривичен суд - Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот

Фото: Архива на Порталб.мк

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска во Основниот кривичен суд-Скопје беше одложено затоа што поради здравствени причини не се појави сведокот Горан Анастасиевиќ. Зеќири се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Следното рочиште е закажано за 6 јуни.

Минатиот месец, судењето против Зеќири почна од почеток. Овој процес подолг период беше во прекин, откако Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.