Свет Европа Студот во Полска усмрти 12 лица

Студот во Полска усмрти 12 лица

Најмалку 12 лица починале за време на викендов во Полска како последица на особено ниската температура, јавуваат полските медиуми.

Температурата во саботата вечерта, на североистокот на Полска, паднала на минус 20 Целзиусови степени, додека во Варшава вчераутро живата на термометарот била 16 степени под нулата.

Полицијата покренала акција во целата земја за помош на бездомниците, кои особено се загрозени во време на големите студови.

Полицијата апелираше до граѓаните да ги известуваат нив или пожарникарските служби доколку знаат места каде луѓе спијат на отворено.