Ctrl - Z Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно за аплицирање на повикот е до 30 октомври

Photo by The Climate Reality Project on Unsplash

Сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, потребно е да аплицираат на повикот на Министерството за образование и наука (МОН).

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“. Корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан следен семестар, односно година на студирање, потоа уверение со положени испити, уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

Од МОН велат дека ова е потребно како доказ дека студентот има положено 80%, односно 90% од предвидените испити (зависно од типот на стипендијата) и дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

Рокот за продолжување на стипендиите, односно за аплицирање на повикот на МОН е до 30 октомври.

За каква било информација или прашање, студентите може да се обратат на оваа електронска адреса во МОН: studentski.stipendii@mon.gov.mk.