Македонија Студентите се упатија кон Владата на Република Македонија

Студентите се упатија кон Владата на Република Македонија

Студенти марш во Скопје

Повеќе стотици студенти денеска се собраа пред комплексот факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на марш против идејата на владата да воведе екстерно оценување на универзитетот.

Тие маршот го продолжија кон седиштето на Владата на Република Македонија.

Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да се спроведува двапати: првпат кога студентот ќе ја заврши втора година од студиите, со прашања од сите предмети што дотогаш ги полагал, и уште еднаш на крајот од четврта година со прашања од трета и од четврта студиска година. На оние што нема да ги положат испитите, ќе им биде прекинато школувањето.