Македонија Студентите и професорите на отворено заседание пред Собранието

Студентите и професорите на отворено заседание пред Собранието

Пред Собранието на Република Македонија, денеска  професорскиот и Студентскиот пленум ќе одржат отворено заседание на кое ќе разговараат за организирање на претстојни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените измени во образованието.

Во отвореното писмо над 300 академици, професори, доценти, лектори и асистенти ги повикаа македонските пратеници да ги отфрлат новите предлог закони и измените и дополнувањата на постојните закони во областа на високото образование, чија содржина, како што објаснуваат во писмото, енергично ја отфрлија и суштински ја оспоруваат.