Дописници Студенти од штипскиот универзитет ќе добијат бесплатни студии во Русија

Студенти од штипскиот универзитет ќе добијат бесплатни студии во Русија

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе може да аплицираат за 35 стипендии што ги доделува Руската Федерација. Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, денеска беше на работна посета на штипскиот универзитет и по средбата со ректорот Блажо Боев рече дека руската амбасада го распишала конкурсот за доделување стипендии за студентите од Македонија, кои сакаат да студираат во Руската Федерација.

– Станува збор за бесплатни стипендии за студирање во Руската Федерација, како за додипломски, така и за постдипломски студии. Тоа е многу важно бидејќи станува збор за подготовка на специјалисти од сфери кои се многу барани во економијата и во индустријата во Република Македонија – изјави Шчербак.

Руски професори активно соработуваат на Ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Амбасадорот Шчербак со ректорот Боев разговарал и за можноста за студирање на руски јазик на овој државен универзитет, но и за можноста за стипендирање докторанти од Штип.