Хроника Студент од Прилеп загина паѓајќи од студентскиот дом „Кузман Јосифовски“

Студент од Прилеп загина паѓајќи од студентскиот дом „Кузман Јосифовски“

Вчера рано наутро, околу 3 часот по полноќ, при пад од повисоките катови на студенсткиот дом „Кузман Јосифовски“ во Скопје, загина 20-годишен студент од Прилеп.

Тој по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но како последица од тешките телесни повреди, утрово починал.

Полицијата и обвинителот го истражуваат случајот и денеска ќе одлучат дали ќе го дадат телото на студентот на обдукција.