Македонија Студено време со провејување на слаб снег

Студено време со провејување на слаб снег

Времето денеска ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет Целзиусови степени.

Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.