Македонија Студено време со северен ветер и провејување на слаб снег

Студено време со северен ветер и провејување на слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со провејување на слаб снег ќе дува ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус два до шест Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до четири Целзиусови степени.

Во среда ќе биде стабилно со ниски минимални температури, а во четврток на места ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.