Македонија Стружанец кривично ќе одговара бидејќи нападнал медицинска сестра

Стружанец кривично ќе одговара бидејќи нападнал медицинска сестра

Тој на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија во Општата болница во Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал

Фото: Мета.мк

Основното јавно обвинителство Струга информира дека е поведена постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело, напад врз здравствен работник.

Тој на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија во Општата болница во Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал.

„Осомничениот следниот ден бил пронајден и лишен од слобода. Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од ОЈО.