Хроника Струмички гробари земале накит од починати и го продавале во златарници

Струмички гробари земале накит од починати и го продавале во златарници

Двајца гробари вработени во погребална фирма во Струмица се осомничени дека при ископ на стари гробови го земале златниот накит што го наоѓале во гробовите и деа потоа го продавале во локални златарници.

Како што информираат од полицијата, против Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип се поднесени кривични пријави со кои тие се товарат за сквернавење починато лице, по член 401 од Кривичниот закон.

Според полицијата, осомничените, вработени како гробари во погребален оператор во Струмица, во текот на 2015 година, при изведување на работните задачи, односно ископ на стари гробови заради закоп на други починати, го одземале накитот што го наоѓале и потоа го продавале на неколку златарници во градот.

При претрес на домовите на осомничените, полицијата пронашла и одзела две откупни белешки од златарници.

Во разговор со полициските службеници, тие ги посочиле гробовите од каде го одзеле златото.