Свет Свет Стотина мигранти се удавија кај брегот на Либија

Стотина мигранти се удавија кај брегот на Либија

Стотина мигранти настрадаа во бродолом во Средоземното Море, во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повикувајќи се на изјави на преживеани.

Според податоците на ИОМ, бродот превезувал околу 650 лица, повеќето Мароканци.

Италијанската морнарица спасила 562 лица, но стотина се водат за исчезнати.