Економија Стопанска комора на Македонија на бизнис-форум во Тирана

Стопанска комора на Македонија на бизнис-форум во Тирана

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на 2 и 3 април ќе учествува на бизнис-форум во Тирана, Република Албанија.

Манифестацијата ќе се одржи  во рамките на претстојната официјална посета на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Република Албанија.

„Присуството на македонски компании на бизнис-форумот, како дел од делегацијата на претседателот Иванов, ќе биде дополнителен поттик и можност за унапредување на економските односи и за зголемување на трговската размена на Република Македонија со Република Албанија“, соопшти Стопанската комора на Македонија.